Утрински Весник
Технологија

Епл го претставиот новиот поевтин Ајфон од моделот СE

Епл го претставиот новиот поевтин Ајфон од моделот СE

Вашингтон, 15 април 2020 (/) – Компанијата Епл денeска го претстави новиот буџетен Ајфон од серијата СE, во црна, црвена и бела боја.

Вградената меморија е од 64, 128 и 256 ГБ и цената зависи од меморијата. На американскиот пазар ќе се продава по 399, 449 или 549 долари, зависно од капацитетот на меморијата.

Овој модел е наменет за корисниците кои сакаат помал екран и кои не се во можност да платат од 800 до 1.100 долари за моделите од серијата 11.

Работи со класично кружно копче со вграден сензор за отпечаток на прстите, и батеријата може да се полни безжично.

Телефонот е со можност за користење две сим-картчки. Ширината на екранот е 4.7 инчи, поседува задна и предна камера, предната е се 12 мегапиксли, а задната со седум. Поседува бионичен процесор за обработка на фотографии и можност да се вклучи режим на портрет. кб/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META