Утрински Весник
Спорт

Роналдо почна да учи во изолација

Роналдо почна да учи во изолација

Мадеира, 15 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, објави нова фотографија на својот Инстаграм. 35-годишниот Португалец ги извести следбениците дека почна да учи во време на самоизолација заради пандемија на коронавирус.

– Секогаш предизвикувајте се! Мене ми дојде време да учам, напиша Роналдо на фотографијата.

Оваа сезона Роналдо настапи на 32 натпревара, постигна 25 голови и направи пет асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Германија го декласираше дебитантот Курасао

ФИФА ќе му го исплати целиот хонорар на сомалискиот судија

Хамилтон ја освои ГН на Каталонија со прва победа во Ферари