Утрински Весник
Магазин

„Ен-би-си“ ја прекрсти претстојната серија инспирирана од „Бриџертон“

„Ен-би-си“ ја прекрсти претстојната серија инспирирана од „Бриџертон“

Додека фановите ќе мора да се стрпат за втората сезона на „Бриџертон“, следниот месец ќе дебитира нова серија за запознавање инспирирана од хит-серијата на „Нетфликс“.

„Ен-Би-Си“ во вторникот објави дека нивната претстојна серија, која претходно беше насловена „Гордост и предрасуди: Експеримент во романса“, сега има нов наслов „Додворување“ (The Courtship).

Мрежата, исто така, објави дека серијата ќе дебитира на 6 март во 20 часот на „Ен-би-си“, а остатокот од сезоната ќе се емитува на стриминг-услугата „Пикок“ (Peacock) од следниот ден во истиот термин.

Иако засега не се откриени никакви информации за содржината, некои медиуми објавија дека серијата се фокусира на хероина во потрага по својот војвода. Таа, наводно, ќе се пријави за ултимативен социјален експеримент во романса.

Можете да прочитате

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години

Необични истражувања наградени со лажни нобелови награди – Од млеко од лебарки до научни анализи за дување нос