Утрински Весник
Магазин

Ендрју Гарфилд и Тоби Мегваер ја гледале премиерата на „Човек-пајак: Далеку од дома“ без никој да ги забележи

Ендрју Гарфилд и Тоби Мегваер ја гледале премиерата на „Човек-пајак: Далеку од дома“ без никој да ги забележи
Dik 300x250 mk

Ендрју Гарфилд и Тоби Мегваер, двајцата актери кои во Марвеловиот блокбастер ги репризираа своите улоги како алтер его на Питер Паркер и заедно со Том Холанд сите тројца се појавуваат во една сцена од „Далеку од дома“, го гледале најновиот филм за човекот- пајак вечерта на премиерата.

Ендру изјави за „Ентертејнмент тунајт“: „Сè уште не можам да верувам дека тоа се случи. На премиерата на филмот, се прикрадов во киносалата со бејзбол капа и маска за лице и така го гледав.

„Всушност, бев со Тоби, јас и Тоби се прикрадовме заедно во киното и никој не знаеше дека сме таму.

„Беше навистина убава работа да се доживее… и да се пронајде братство со Тоби, и со Том, и фактот дека споделуваме многу уникатно искуство,“ рече тој, алудирајќи на сцената во која сите тројца се појавуваат во сцена од филмот за да се справат со негативците.

Ендрју, кој го играше култниот суперхерој во 2012 година „Неверојатниот Спајдермен“ и неговото продолжение две години подоцна, чувствува силна врска со Тоби и Том, а себеси се опиша како „средниот брат“.

Можете да прочитате

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство