Утрински Весник
Свет

(Видео) Антиваксери гаѓаа со кал политичар од партијата на Макрон

(Видео) Антиваксери гаѓаа со кал политичар од партијата на Макрон

Францускиот политичар Стефан Клеро, кој е член на владејачката партија „Република во движење“ на францускиот претседател Емануел Макрон, изјави дека во текот на викендот бил нападнат од демонстранти кои протестирале против воведувањето на пропусницата за ковид.

„ Очигледно ќе поведам судска постапка. Некои луѓе мислат дека не се носат правилни одлуки. Сите добиваме смртни закани по пошта, а тоа во одреден момент мора да престане“ изјавил Клеро за „Франс инфо“, пренесе „Ројтерс“.

Француската министерка за море, Аник Жирарден, го осуди нападот врз Клеро, објавувајќи видео од инцидентот на Твитер, на која се гледа како демонстрантите фрлаат кал врз Клеро додека тој стои пред неговата куќа.

„ Нападот на Стефан Клеро пред неговата куќа за време на демонстрациите против здравствениот пропусник е целосно неприфатлив. Сликите се крајно шокантни – напиша Жирарден.

Нападот врз Клеро, кој се случи во неделата, доаѓа во време на зголемен гнев во јавноста во Франција, предизвикан од изјавата на Макрон, кој неодамна изјави дека сака да ги изнервира невакцинираните луѓе, со тоа што ќе им го комплицира животот, поради што на крајот ќе мораат да се вакцинираат против Ковид-19.

Можете да прочитате

Со дронови се бара хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси по тешко слетување

Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан

Паѓаат цените на недвижностите во Германија, растат на кириите