Утрински Весник
Спорт

Емери може да се врати во Валенсија

Емери: ПСЖ испадна од Барселона во 2017 година, бидејќи сè уште немаше ВАР

Валенсија, 13 мај 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Валенсија, Унаи Емери може да се врати во тимот.

Раководството на клубот од „Местаља“ разговара за опцијата да се покани 48-годишен фудбалски стручњак да ја преземе тренерската функција во следната сезона.

Сега Валенсија ја предводи Алберт Селадес. Екипата по 27 кола е на 7. место  во Ла Лига. Договорот на тренерот важи до 2021 година.

Емери работеше во Валенсија од 2008 до 2012 година. По неговото заминување, клубот смени 12 тренери. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига