Утрински Весник
Свет

ЕМА: Ако по вакцинацијата ви се јават овие симптоми, веднаш побарајте лекарска помош

ЕМА: Ако по вакцинацијата ви се јават овие симптоми, веднаш побарајте лекарска помош
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Советот за проценка на ризици на Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска заклучи дека вакцината на „Астразенека“ е безбедна и ефикасна и дека придобивките од неа ги надминуваат ризиците, соопшти директорката на ЕМА, Емер Кук на прес-конференција.

„Советот за проценка на ризиците јасно заклучи дека вакцината на ‘Aстразенека’ е безбеднa и ефикаснa“, рече Кук на пресoт, додавајќи дека придобивките од вакцината и натаму ги надминуваат потенцијалните ризици.

Сепак, на прес-конференцијата, ЕМА соопшти дека се пријавени некои ретки нарушувања каде тие сè уште не можат во целост да ја исклучат поврзаноста со вакцината на „Астразенека“.

ЕМА исто така објави список на симптоми по кои треба да се побара итна медицинска помош, доколку се појават во рок од неколку недели по вакцинирањето:

– отежнато дишење
– болка во градите или стомакот
– отоци или чувство на студ во рацете и нозете
– силна главоболка или заматен вид по вакцинацијата
– крварење кое не престанува
– повеќе мали модринки, црвени или виолетови

Притоа, на лекарите треба да им се напомене за неодамнешната вакцинација, додаваат од ЕМА.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година