Утрински Весник
Македонија

Електронски рецепт од утре за терапија на хронично болните, а наскоро и за сите осигуреници

Електронски рецепт од утре за терапија на хронично болните, а наскоро и за сите осигуреници

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Фондот за здравствено осигурување воведува електронски рецепт за терапија, кој од утре ќе почне да функционира за хронично болните пациенти за да се заштитат од КОВИД-19, но софтверскиот начин на креирање рецепти ќе продолжи и по пандемијата и ќе важи за сите  осигуренци.

Директорот на ФЗО Ден Дончев на прес-конференција соопшти дека од утре (1 мај)   електронски рецепт ќе почне да се креира за хронично болните осигуреници за  нивната терапија. Тие нема потреба да одат кај матичен лекар за да им биде препишан и издаден хартиен рецепт, туку ќе ги контактираат телефонски.

-Наместо да одат во ординација и чекаат по чекаланици, треба телефонски да контактираат со матичниот  лекар за да добијат информација дека им е искреиран електронски рецепт и потоа во аптека со документ за лична идентификација  ќе ги подигнат лековите. Може и друга личност во нивно име да ги подигне доколку хроничните не можат лично да одат. Освен што ова ќе придонесе за поефикасна заштита на пациентите и медицинскиот персонал од КОВИД-19, ќе продолжи да функционира и по завршување на пандемијата за хроничните, а работиме забрзано да важи и за сите осигуреници и за сите дијагнози. истакна Дончев.

Нагласи дека софтверски креираниот рецепт ќе има повеќекатни придобивки за пациентите, матичните лекари, аптеките, но и за ФЗО зашто се скратуваат трошоците за хартија и печатење и има повеќе време за лекарите односно целиот процес се рационализира и станува побрз и поефикасен.

Посочи дека тоа ќе биде во интерес на 773 аптеки  кои имаат договор со ФЗО, на 1236 приватни здавствени установи од општа медицна, 1096 ПЗУ од стоматолошката и 165 ПЗУ од областа на гинекологијата.

Покрај тоа, Фондот во реално време ќе ја следи валидноста на овој систем и на издадените е-рецепти, а стручните служби ќе може во реално време да интервнираат при евентуални недоследности или злоупотреби на системот. хс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!