Утрински Весник
Свет

ЕК: Унгарија може да ја купи руската вакцина, но само за својата територија

Велика Британија планира намерно да ги зарази кандидатите за вакцина

Земјите-членки на ЕУ не можат да преговараат и да склучуваат договори за набавка на вакцини само со оние производители со кои Комисијата склучи договор за набавка, изјави портпаролот на Комисијата, Стефан Де Кирсмаекер.

Ова значи дека Унгарија, која потпиша договор со Русија за купување на два милиони дози вакцини „Спутник V“, не ја нарушува европската стратегија за вакцини, бидејќи не ја вклучува руската вакцина.

„ Земјите-членки можат слободно да склучуваат вакви договори за вакцини, но тие се исто така одговорни за одобрување на употребата на нивната територија“, рече портпаролот Де Кирсмаекер.

Тој додаде дека без одобрение од Европската агенција за лекови, ваквите вакцини не можат да се користат во други земји-членки на ЕУ.

Де Кирсмаекер нагласи дека не се дозволени паралелни преговори на земјите-членки со производители со кои Комисијата веќе склучи договори.

„ Но, земјите-членки можат, доколку сакаат, да преговараат и да склучуваат договори за набавка на вакцини од производители кои не се опфатени со европската стратегија за вакцини“, рече тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија