Утрински Весник
Спорт

Екс-голман на Силекс и Скопје остана без бубрег по дуел во шеснаесетникот

Екс-голман на Силекс и Скопје остана без бубрег по дуел во шеснаесетникот

Српскиот голман Спасоје Стефановиќ (28) кој своевремено ги бранеше боите на македонските фудбалски клубови Скопје и Силекс доживеа тешка повреда на вчерашниот меч за неговиот нов клуб Раднички против Жарково во втората по квалитет лига на Србија.

При еден центаршут искусниот чувар на мрежата истрча за да избоксува една топка, но притоа се здоби со повреда. Доби силен удар во бубрегот, па веднаш со возило на брза помош бил превезен во Ургентниот центар. Му била направена итна операција и притоа морало да се отстрани едниот бубрег.

„Неславен дебитантски настап за екипата на Раднички денес имаше голманот Спасоје Стефановиќ. Тој во 35 минута од средбата од 7. коло од Прва лига на Србија при еден судир со играч на Жарково се здоби со тешка повреда. Веднаш е изнесен на носилки и пренесен во Ургентен центар. При операцијата на Стефановиќ му бил отстранет бубрегот. На нашиот голман му посакуваме брзо опоравување“ стои во соопштението на клубот.

Освен во татковината и во Македонија, Стефановиќ во кариерата настапувал и во САД, Ерменија и Финска.

> Екс-голман на Силекс и Скопје остана без бубрег по дуел во шеснаесетникот <

Можете да прочитате

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС Oпен

Македонските борачи обезбедија две финалиња на Медитеранските игри