Утрински Весник
Свет

Експлозија во рудник за метан во Полска – загинаа тројца рудари

Експлозија во рудник за метан во Полска – загинаа тројца рудари

Во експлозија во рудник за метан во јужна Полска загинаа тројца рудари, 20 се повредени, а седум се водат како исчезнати, соопштија денеска властите.

Експлозијата се случила изутрината во рудникот Пњовек во Павловице, со кој управува рударската компанија ЈСВ, пренесува агенцијата АП.

Според официјални лица од компанијата, поради пожарот морала да биде прекината итната спасувачка операција.

Лекарите соопштија дека состојбата на неколкумина повредени е опасна по живот.

Можете да прочитате

Лула да Силва освои четврти претседателски мандат во Бразил, Болсонаро одбива да го признае поразот

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си