Утрински Весник
Свет

Експерти на ЕМА во Москва ја анализираат вакцината „спутник В“

Експерти на ЕМА во Москва ја анализираат вакцината „спутник В“

Експертите од Европската агенција за лекови (ЕМА) престојуваат во Москва за да извршат проценка на вакцината „спутник В“ против ковид-19, објавија руските медиуми, наведувајќи дека претставниците на ЕМА ќе ги посетат и производствените капацитети.

Претставници на европското регулаторно тело, кои започнаа анализа на руската вакцина на почетокот на март, посетија две клиники каде што се спроведува третата клучна фаза од клиничките испитувања на „спутник В“ и разговараа со медицинскиот персонал, објави „Интерфакс“, повикувајќи се на неименувани извори

„Можеме да кажеме дека во тек е конструктивен дијалог“, рекол извор за „Интерфакс“.

Европската агенција сè уште не даде зелено светло за „спутник В“ иако Унгарија, како членка на ЕУ, ја одобри руската вакцина на национално ниво по кратка постапка, а во меѓувреме неколку земји на ЕУ покажаа интерес за договор со Русија за набавка на вакцината.

Можете да прочитате

Со дронови се бара хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси по тешко слетување

Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан

Паѓаат цените на недвижностите во Германија, растат на кириите