Утрински Весник
Свет

Експерти: Вакцината не може да влијае на плодноста

Експерти: Вакцината не може да влијае на плодноста

Тврдењата дека вакцините против ковид можат да влијаат на плодноста кај мажите се неосновани, објавија денеска британски експерти од Кралскиот колеџ во Лондон.

На социјалните мрежи се појавија лажни тврдења дека вакцината на компаниите Фајзер/Бионтек може да предизвика неплодност или да го принуди телото да го нападне фетусот, објави Би-Би-Си.

Не постои „таков биолошки механизам“ што би ја направило вакцината опасна за плодноста, изјави професорката Луси Чапел, професор на Кралскиот колеџ во Лондон.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина вели дека нејзини дронови погодиле една од најголемите руски рафинерии за нафта

Џихадистите добиваат на сила во Мали: Министер убиен, хунтата потресена, руските сили се повлекуваат

Хамнеи: Персискиот Залив ќе има „светла иднина“ без присуство на САД