Утрински Весник
Македонија

Еко Герила: ДУИ преку своите службеници врши притисок врз граѓанскиот сектор

Еко Герила го осудува насилството врз активистот на Движењето против коцкање од Тетово

Тетово, 28 јуни 2020 (МИА) – Движењето Еко Герила преку соопштение информираше дека се соочуваат со притисок од политичката партија ДУИ.

-За жал, ние сме должни да ве информираме дека се соочуваме со притисок во нашата активност како граѓански сектор од функционери на ДУИ.

Кога една партија дејствува против невладините организации, таа извршува еклатантно кршење на демократските вредности. Наместо да рефлектираат и да покажат демократски капацитет пред изборите, функционерите на оваа партија се занимаваат со неоснована стигма на граѓанскиот сектор со методи што не се во согласност со евроатлантските стандарди, велат од Еко Герила.

Од ова здружение на граѓани порачуваат до политичките субјекти да не е коректно да го попречуваат граѓанскиот сектор во својот активизам.

-Со такви притисоци тие само не мотивираат да бидеме поактивни и по посветени на нашиот доброволен активизам. Ниту еден политички субјект не треба да стреми да го заташка делувањето на прогресивни движења кои се со само една цел –интерес на граѓаните.Апелираме до политичките субјекти да ги зајакнат демократските капацитети и ние како здружение сме подготвени да помогнеме во овој поглед, потенцираат од Еко Герила. ас/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Транспарентни 244 илјади евра во 2018 година наспроти матни 5,5 милиони евра сега – Обвинителството мора да постапи

Дали Македонија е подготвена за сериозна борба против корупцијата?

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред