Утрински Весник
Свет

Екологисти блокираа пристап до британски печатници на весници

Екологисти блокираа пристап до британски печатници на весници

Активисти на британско здружение за борба против климатски промени, во знак на протест го блокираа пристапот до три печатници во Британија затоа што, како што тврдат, весниците отпечатени во нив не известуваат за вонредната еколошка и климатска состојба.

Печатниците се во сопственост на медиумскиот магнат Руперт Мардок, а поради блокадата дистрибуцијата на неколку весници од неговата компанија „Њуз корпорејшн“ (Тајмс/Дејлли Телеграф/Сан) е оневозможена или забавена.

Според Би-Би-Си, над стотина демонстранти учествувале во блокадата на печатниците, а полицијата привела 13 лица.

Здруженијата на печатници го осудија протестот како „напад врз целиот слободен печат“, но посочија дека благодарение на партнерите во индустријата, печатењето весници продолжува на други локации.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран за првпат ја нападна Сирија, сообраќајот низ Хормуз е запрен

(Видео) Огромно свлечиште затрупа згради во Кина, луѓе заробени под урнатините

Врховната рада го избра Сергиј Корецки за нов премиер на Украина