Утрински Весник
Магазин

Ед Ширан доби втора ќерка

Ед Ширан ја доби својата втора ќерка со сопругата Чери Сиборн.

Британскиот поп-пејач (31), кој е во брак со пријателката од детството Чери (30) од 2019 година и веќе ја има 21-месечната ќерка Лира, се огласи на Инстаграм во четвртокот за да ја сподели радосната вест откако се чинеше дека ја чуваа бременоста во тајност од јавноста.

Без да открие име, покрај фотографијата од пар бели бебешки чорапи, Ед напиша: „Сакам да ве известам сите дека добивме уште едно прекрасно девојче. И двајцата сме многу заљубени во неа, и сме над Месечината дека станавме четиричлено семејство.

Можете да прочитате

Македонците се послаби од европејците – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

ГЛОБАЛЕН ИСЧЕКОР ЗА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА: Раперот Кацар со своја песна во финалната епизода од холивудската серија „M.I.A.“

Кинопремиери на српскиот документарец „Југото оди во Америка“