Утрински Весник
Магазин

Ед Ширан го објави новиот албум

Ед Ширан го објави новиот албум
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Музичката ѕвезда Ед Ширан го објави својот четврти соло албум „=” во петокот среде самоизолација поради Ковид-19, и најави дека ќе прослави со соло забава.

Британскиот пејач, познат по хитовите на врвот на топ листите, како Shape of You и Thinking Out Loud, им кажа на фановите претходно оваа недела дека е позитивен на коронавирус и дека ги откажал сите настани за промоција на албумот.

„Очигледно е дека сè уште сум во изолација од Ковид, но ве молам да ми кажете што мислите кога ќе излезе. Тоа е најгордото парче од мојата работа што некогаш сум го направил и едвај чекам да го слушнете“, напиша тој на Инстаграм во петокот.

„Ќе имам соло забава вечерва и утре за да прославиме, пуштете на гласно!“

Ширан, кој своите претходни албуми ги именуваше по математички симболи, напиша дека „=” е неговиот омилен аудио запис, со песни за сопругата и ќерката.

Според музичките критичари, добитникот на „Греми“, кој има продадено повеќе од 150 милиони албуми ширум светот, се задржал на својата формула за успех со искрени, емотивни текстови во неговото ново дело.

Можете да прочитате

Италија го казни Apple со скоро 100 милиони евра

Домашните миленици го подобруваат менталното здравје на сопствениците

Поларните мечки генетски се прилагодуват на потоплата клима