Утрински Весник
Магазин

Една од најлуксузните јахти во светот заплови во водите на Јадранот

Во пристаништето во Шибеник е забележана една од најлуксузните јахти во светот, „Кристина О“, која се изнајмува по цена од 700.000 евра неделно.

dobivaj vesti na viber

„Кристина О“ беше воен крстосувач од кој се искрцаа сојузничките трупи во Нормандија, а потоа стана мега јахта на грчкиот сопственик на бродови и милијардер Аристотел Оназис.

Како прибежиште за луксуз, легендарната јахта беше домаќин на многу истакнати личности низ годините – Џон Ф. Кенеди, Мерлин Монро, Елизабет Тејлор, Џон Вејн, Ричард Бартон, Грејс Кели, Елизабет Тејлор, Рудолф Нуреев, Грета Гарбо, Френк Синатра, сер Винстон Черчил…

Името го добила по ќерката на Оназис, Кристина. Станува збор за ултралуксузна јахта чиј неделен наем е околу 700.000 евра. Позната е и како најпопуларна луксузна чартер јахта во светот.

Има 38 членови на екипажот кои се секогаш достапни за гостите. Долга е 99 метри, има 17 кабини во кои може да се сместат до 34 луѓе. Севкупно, јахтата може да прими 157 гости.

Некои од дополнителните погодности на располагање на гостите се хелиодром, велнес-центар, базен, џакузи, вежбалница, киносала, простории за масажа, платформа за пливање.

Можете да прочитате

Американска единица им нуди на војниците бесплатни денови за играње видео игри ако го продолжат договорот

Започнува Runfire Salt Lake Ultra Trail на бескрајната белина на Соленото Езеро

Зошто постојано го проверуваме телефонот и како да ја контролиме навиката?