Утрински Весник
Спорт

Еден од заразените во Премиер лигата сам си призна

Еден од заразените во Премиер лигата сам си призна

Ватфорд, 20 мај 2020 (МИА) – Играчот на Ватфорд, Адријан Маријапа призна дека е еден од играчите кој се тестирал позитивно за коронавирус минатиот викенд. 33-годишниот дефанзивец изјави дека нема симптоми. Тој додаде дека има уште двајца играчи со позитивни примероци. Ова значи дека другите тројца дијагностицирани не се фудбалери, туку вработени.

Како што е познато, Лигата објави само дека меѓу тестираните играчи и вработените во 19 од клубовите се добиени 6 позитивни резултати. Се покажа дека тие се наоѓаат во само три клуба – Ватфорд, Барнли и уште еден.

– Изненадување е затоа што навистина не излегов од дома. Малку е страшно како може да се чувствувате добро и да тренирате, а потоа да имате и позитивен тест. Навистина е прилично чудно, изјави Маријапа за „Телеграф“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Велс минимално го совлада Лихтенштајн, македонската репрезентација со реми во Кардиф ќе обезбеди бараж

Квјат загуби од беспилотно возило во трката „Вештачка интелигенција наспроти човек“

Синер прв финалист на Завршниот АТП турнир