Утрински Весник
Спорт

ПСЖ се откажува од Кулибали

Кулибали не ја отфрла можноста да остане во Наполи

Париз, 20 мај 2020 (МИА) – Раководството на Пари Сен Жермен се откажа од борбата за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, откако бараната цена за играчот се чинела премногу висока на „парижаните“.

Сенегалскиот дефанзивец се очекува да го напушти „Сан Паоло“ ова лето, откако сфати дека ова е можеби неговата последна шанса за голем трансфер во кариерата. Не недостасува интерес, бидејќи разни европски медиуми ги цитираат имињата на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Барселона.

Според француското издание „Ле Паризиен“, хегемонот во Лига 1 проценува дека 70 милиони евра се премногу за 29-годишниот играч.
Според други извори, се верува дека таквата сума нема да го спречи Манчестер јунајтед да се обиде да привлече силен дефанзивец.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ