Утрински Весник
Свет

Европската Унија едногласно усвои пакет санкции против Русија

Европската Унија едногласно усвои пакет санкции против Русија

Министрите за надворешни работи на ЕУ едногласно го усвоија првичниот пакет санкции против руските претставници поради нивните дејствија околу Украина и признавањето на независноста на отцепените региони на истокот, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, кој беше домаќин на состанокот во Париз, рече дека пакетот санкции одобрени денеска ќе и’ наштетaт на Русија и ќе влијаат врз членовите на Долниот дом на рускиот парламент и другите инволвирани поединци во одобрувањето за распоредување на руски војници во регионите на источна Украина.

Тој рече дека имотот и визите за 351 пратеник на руската Дума ќе бидат замрзнати. Пакетот ќе влијае и на руското финансирање на политиките поврзани со Украина со ограничување на пристапот до финансиските пазари на ЕУ.

„Санкциите немаат чудесен ефект, но тоа ќе нанесе болка на економијата, но и на луѓето кои ќе бидат погодени“, рече Борел, додавајќи дека земјите-членки на ЕУ одлучиле да ги зачуваат другите мерки за да одговорат на новите дејствија на Русија, бидејќи, како што нагласи, „оваа приказна не е завршена“.

Ле Дријан рече дека овој цврст одговор сè уште ја остава отворена вратата за дипломатијата, иако истакна дека сите дипломатски напори наишле на ѕид во последните недели.

 

Можете да прочитате

Милановиќ во ООН повика на признавање на палестинската држава

Над 60 полицајци повредени во вчерашните протести во Италија

Бил Гејтс донира над 900 милиони долари за борба против СИДА, маларија и туберкулоза