Утрински Весник
Свет

Европската унија воведува нови санкции кон Русија

Европската унија воведува нови санкции кон Русија

Земјите членки на Европската унија се договорија за нови санкции против руските лидери и олигарси поради инвазијата на Украина, објави утринава Ројтерс.

Според најавата, членките на состанокот ги одобриле санкциите, а договорено е тие и официјално да бидат усвоени на самитот на Европската унија во четврток и петок во Версај.

Француското претседателство со ЕУ објави дека новите мерки се однесуваат на криптовалутите, а од Свифт ќе исклучат три белоруски банки, а последиците ќе ги почувствува и поморскиот сектор.

Можете да прочитате

Прогласена вонредна состојба на Крим, илјадници возила заглавени на Кримскиот мост

Мал авион се урна во највисоката зграда во Пекинг

Болтон ќе плати 2,25 милиони долари казна и ќе одработи 100 часа општествено корисна работа поради задржување доверливи информации