Утрински Весник
Спорт

Евертон свечено ја почна изградбата на стадионот вреден 500 милиони фунти

Евертон свечено ја почна изградбата на стадионот вреден 500 милиони фунти

Евертон на посебна церемонија го означи стартот на работата на нивниот нов стадион вреден 500 милиони фунти, откако добија зелено светло од владата за изградба на реката Мерси, на пристаништетот Бремли-Мур. Планот е стадионот да биде подготвен пред сезоната 2024/25.

„Ова е монументален ден за нас, ден кој го чекавме многу долго. Сите навивачи на Евертон и сите жители на овој голем град се заедно на овој пат. Едвај чекаме да го имаме нашиот прекрасен дом“, изјави претседателот на клубот, Бил Кенрајт.

Првата фаза на изградбата ќе биде подготовка на пристаништето за да се постави градилиште, вклучувајќи и заштита на пристаништето и брегот. Се очекува проектот да создаде 12.000 работни места, пред да биде комплетиран стадионот со капацитет од 52.888 седишта, речиси 13.000 повеќе од сегашниот стадион „Гудисон парк“, нивниот дом од 1892 година.

> Евертон свечено ја почна изградбата на стадионот вреден 500 милиони фунти <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија