Утрински Весник
Македонија

ДУИ избра претседатели и членови на локалните совети

Dik 300x250 mk

Партиската изборна комисија при Демократската унија за интеграција денес го спроведе внатрепартискиот изборен процес за избор на претседатели на ограноци, членови на ограноци, месни совети и членови на месните совети во 10 ограноци на ДУИ во Боговиње, Брвеница, Желино, Врапчиште, Теарце, Чашка, Студеничани, Долнени, Гостивар и Тетово.

Претседателот на ДУИ,  Али Ахмети на прес-конференција зборуваше за овој изборен процес и истовремено ги објави имињата на новоизбраните претседатели.

Ахмети рече дека е најгорд човек поради тоа што инсистирал ДУИ да се демократизира, и да стане прифатлив дел за секој граѓанин да ја види можноста, трката и конкуренцијата.

„Овој ден е многу важен за ДУИ, ги започнавме следните две децении водејќи демократски процес и овој процес нема да застане тука туку ќе продолжи и во другите ограноци, правејќи ја ДУИ уште посилна и подемократска, и поодговорна, да бидеме со граѓаните, за граѓаните а секако дека сите заедно сме посилни и непобедливи“, изјави Ахмети.

Во огранокот во Боговиње за претседател е избран Бесник Емшиу,  Брвеница – Аркин Јахији, Желина – Емир Сулејмани, Врапчишти – Неби Реџепи, Теарце – Нухи Незири, Чашка – Нафи Дурмиши, Студеничане – Ејуп Абази, Долнени – Џемил Ќамили, Гостивар – Валдет Џафери, Тетово – Фатон Ахмети.

На овие избори биле регистрирани 10.423 членови во 10 ограноци на ДУИ, од кои гласале 75 отсто.

 

 

Можете да прочитате

ЗНМ: Осуда за заканите кон новинарот Исмаили

Приведен 49-годинишен тетовец по објавите со закани на социјалните мрежи

Левица: Орце бега од дебата без тутор и наместени прашања