Утрински Весник
Магазин

Дру Баримор ќе ја прослави 40-годишнината од „Вонземјанинот Е.Т.“ со ќерките и со Стивен Спилберг

Дру Баримор ќе ја прослави 40-годишнината од „Вонземјанинот Е.Т.“ со ќерките и со Стивен Спилберг

Ова лето љубителите ќе ја прослават 40-годишнината од омилениот класик „Вонземјанинот Е.Т.“, а една од ѕвездите на филмот, Дру Баримор, планира нешто посебно.

46-годишната актерка имаше само седум години кога ја глумеше Герти во култниот блокбастер, кој стана филм со најголема заработка на сите времиња во текот на неговото прикажување во кината во 1982 година.

Баримор во новото интервју за „Пипл“ откри дека планира посебна прослава со своите ќерки, седумгодишната Френки и деветгодишната Олив, а ќе им се придружи и режисерот на филмот, Стивен Спилберг.

Е.Т. беше непосреден блокбастер уште од самиот почеток. Тој остана на врвот на боксофисот во првите шест недели, и постави рекорд за 16 недели на место број 1.

Можете да прочитате

ХОРОР ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА ВО АНГЛИЈА: Маж влегол меѓу тигрите, едно од животните го нападнало

ШТО НАЈМНОГУ САКААТ МАЖИТЕ ВО КРЕВЕТ? Ескорт-дама ја откри најбараната секс-поза, одговорот ќе ве изненади

Пријателите никогаш не ви ги лајкуваат објавите? Психолозите објаснуваат што може да значи тоа