Утрински Весник
Македонија

Државјанин на Албанија осуден за фалсификувана лична карта

Државјанин на Албанија осуден за фалсификувана лична карта

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против албански државјанин поради фалсификување на лична карта.

Обвинетиот, на 16 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, употребил како вистинска лажна италијанска лична карта. Од личната карта била отстранета оригиналната фотографија и на нејзино место била залепена фотографија на обвинетиот.

„Иако знаел дека јавната исправа е преправена, обвинетиот ја приложил како вистинска на барање на овластено службено лице при редовна контрола. Веднаш по поднесеното обвинение, во Основниот кривичен суд Скопје се одржа рочиште на кое обвинетиот беше огласен за виновен и му беше изречена условна казна затвор од две години која нема да се изврши доколку обвинетиот не стори ново кривично дело во следните пет години, како и казна – протерување од земјава во траење од пет години“, наведуваат од Обвинителството.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила