Утрински Весник
Свет

Државата Хрватска е против одлуката на судот истополовите бракови да посвојуваат деца

Историска одлука: Геј-партнерите во Хрватска можат да посвојуваат деца
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Државата Хрватска ќе се жали на одлуката на Управниот суд, според која истополовите партнери имаат право да посвојуваат деца, пишува загрепски „Јутарњи лист“.

Министерството за труд, семејство и социјална политика ќе се жали на одлуката на Управниот суд, со која е поништена одлуката на тој оддел, затоа што на животните партнери Иво Шегота и Младен Кочиќ не им е објаснето зошто не е во интерес на децата да се доделуваат статусот на посвоители.

Во соопштението на Министерството се наведува дека тие, како и досега, ќе ја следат секоја конечна пресуда.

Посвојувањето деца од геј парови ја подели Европа. Либералната Западна Европа законски го овозможи тоа во последните десет години, а на истокот, традиционалистичките движења во неколку земји успеаја да утврдат во уставот дека бракот е пред се институција која ги легализира машко-женските односи и на тој начин забранува истополови бракови и посвојување деца.

Како што пренесува „Јутарњи лист“, во просек 76 проценти од граѓаните на ЕУ сметаат дека хомосексуалците и лезбејките треба да ги имаат истите права како и другите граѓани, се вели во истражувањето на Евробарометар за 2019 година.

Ова е зголемување од осум проценти во споредба со 2015 година, со голем јаз во Европа – 98 проценти во Шведска и 38 проценти во Романија.

Хрватска е поблиску до посиромашните соседи, со само 44 проценти од граѓаните кои сметаат дека хомосексуалците треба да ги уживаат истите права како и хетеросексуалните граѓани.

Можете да прочитате

Анонимен крипто-коцкар заработи 460.000 долари со апсењето на Мадуро

Канадскиот премиер: Само Данска и Гренланд можат да одлучат за иднината на Гренланд

Русија соопшти дека Венецуела треба сама да одлучи за својата судбина без странско мешање