Утрински Весник
Свет

САД: Повеќе од 45.000 луѓе се пријавиле за лов на бизони

САД: Повеќе од 45.000 луѓе се пријавиле за лов на бизони

Повеќе од 45.000 луѓе поднеле барање за дозвола за лов на стада бизони во северниот дел на американскиот Национален парк Гранд Кањон во Аризона, соопшти управата на Националниот парк (НПС), која сака да го ограничи бројот на овие животни, бидејќи се проценува дека нивниот број влијае негативно на природните ресурси во областа.

Американската служба испрати покана до искусни стрелци да се приклучат на лотаријата и да добијат едно од десетте места за убивање изони во северниот дел на Гранд Кањон, пренесува весникот „Хил“.

Проблемот со бизоните се појави кога нивниот број се зголеми – тие започнаа да ја уништуваат вегетацијата, земјиштето и археолошките места.

Националниот парк додава дека животните ја расипуваат атмосферата и чувството на дивина кај посетителите.

Апликантите се од Аризона, Тексас, Калифорнија, Колорадо и Јута, додаде АП, цитирајќи го Лери Феникс, регионален супервизор на Аризона за заштита на природата.

Можете да прочитате

Багај ги спореди односите меѓу Иран и САД со конфликтите меѓу Рим и Персија

Најмалку 11 лица загинаа во израелски напад врз Либан

Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради руските напади