Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Драма во Акватик центарот – Филиповиќ ги однесе Србите во финалето

Драма во Акватик центарот – Филиповиќ ги однесе Србите во финалето
Img 7972

Србија ќе го брани златото од Рио де Жанеиро, на ватерполо турнирот, на Олимписките игри во Токио. Србите во драматичен меч ја победија Шпанија со 10:9. (2:0, 2:5, 1:2, 5:2).

Драмата в Акватик центарот во Токио, ја реши Филип Филиповиќ со голот што го постигна на 26 секунди до крајот на мечот. Шпанците, го имаа последниот напад, но бидејќи направија грешка не успеаја да шутираат кон голот на Митровиќ, кој со 12 одбрани беше еден од најдобрите играчи на натпреварот.

Србија на волшебен начин успеа да победи, против селекцијата од која загуби во првото коло (12:13) и која без пораз стигна до полу-финалето.

Првиот период Србија го доби со 2:0, но Шпанците експлодираа во вториот со серија од четири гола, овој дел од натпреварот го добија со 2:5.

Србите лошо реализираа во третата четвртина, четири пати ја погодија стативата, постигнаа само еден гол, Шпанците беа два пати прецизни и во решавачкиот период влегоа со предност 4:7.

Во последната четвртина Србија одигра неверојатна одбрана, постојано ја бркаше предноста на противникот.

Во последните 80 секунди Шпанија влезе со предност 8:9, Мандиќ израмни, Шпанците не реализираа напад, а Филиповиќ потоа со шут од далечина стави точка на натпреварот.

Србија за златото ќе се бори со Грција. Финалниот меч ќе се одигра в недела од 9:30 часот.

> Драма во Акватик центарот – Филиповиќ ги однесе Србите во финалето <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент