Утрински Весник
Свет

До 20 мај Србија почнува со производство на „спутник В“

До 20 мај Србија почнува со производство на „спутник В“

До 20 мај ќе почне производството на вакцината „спутник В“ во Србија, на „Торлак“, пренесуваат српските медиуми.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно изјави дека Србија ќе инвестира колку што ќе биде потребно во почнувањето на домашното производство на руската вакцина „спутник В“.

Тој тогаш за британската агенција „Ројтерс“ рече дека со рускиот претседател, Владимир Путин, направиле иницијален договор за почеток на процедурата за производство, кое го опиша како комплицирана и тешка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД воведоа нови царини кон 60 држави

Нетанјаху: Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде „историско“

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море