Утрински Весник
Свет

До 17 часот 65 отсто од француските бирачи гласале за нов претседател

До 17 часот 65 отсто од француските бирачи гласале за нов претседател

Излезноста во првиот круг од претседателските избори во Франција била 65 отсто до 17 часот, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на податоци од Министерството за внатрешни работи на таа земја.

На претседателските избори пред пет години излезноста до 17 часот била 69,4 отсто, потсетува агенцијата.

Француските гласачи на денешните претседателски избори гласаат на ист начин како и пред повеќе генерации: хартиените ливчиња лично се ставаат во гласачка кутија, а по затворањето на гласачките места ќе се пребројуваат рачно.

И покрај периодичните повици за поголема флексибилност и модернизација, во Франција не може да се гласа по пошта, нема предвремено гласање и не се користат машини за масовно гласање, како во САД.

Можете да прочитате

Русија: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Мелони руши рекорд: Нејзината влада е најдолготрајна од Втората светска војна

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна