Утрински Весник
Економија

До септември треба да профункционира дигиталната платформа преку која домашните компании од индустријата ќе изнаоѓаат нови пазари

До септември треба да профункционира дигиталната платформа преку која домашните компании од индустријата ќе изнаоѓаат нови пазари

Скопје, 21 јуни 2020 (МИА) – До септември годинава се очекува да биде подготвена новата дигитална платформа која ќе им помогне на домашните индустриски комапнии да освојуваат нови пазари.

За платформата преку Министерството за економија се планирани еден милион евра од третиот сет владини мерки.

Како што соопштија денеска министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши на заедничката прес-конференција во Владата, за утре е закажан состанок со претставници од текстилната и чевларската индустрија, како и со претставници од стопанските комори, на која ќе се дискутира за развој на платформата.

Идната недела, пак, за платформата ќе се разговара со претставници на индустријата за мебел и за ПВЦ производи.

-Нашата текстилна индустрија досега покажа адаптација преку зголемниот извоз од над 300 проценти на заштитна опрема. Најголем дел од нашето текстилно производство е лон. Со оваа мерка сакаме да и помогнеме на оваа индустрија да се модернизира, да додаде вредност и да освојува нови пазари со директна продажба до крајни корисници. Преку развивање дигитална платформа, овие компании ќе ја зголемат конкурентноста и ќе мождат да достигнат до нови пазари и нови потрошувачи. Веќе утре во Министерството за финансии имаме средба со претставниците на овие гранки, за да им ја претставиме мерката и за да ги преземеме понатаму потребните чекори за ставање на функција на оваа мерка, рече министерката Ангеловска.

Ангеловска и Бектеши соопштија детали за вториот столб од третиот пакет мерки кои беа донесени минатата недела. Напоменаа дека целта е поддршка на граѓаните и компаниите, заедничко пребродување на кризата преку зачувување на секое работно место, поддршка на домашното производство, услугите, туризмот и стопанството. мч/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk