Утрински Весник
Македонија

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ кој со корона се заразил во Африка

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен со коронавирус во Африка.

Потполковник на македонската армија кој учествувал во Европската мисија во централно африканската Република доцна вечерва ќе биде донесен на лекување на инфективната клиника во Скопје, истакна Шекеринска.

Според неа, станува збор за воено лице кое минатата недела било тетсирано на Ковид-19 и по препораки на медицинските експерти од мисијата, тој со медицинска евакуација во соработка со европските служби за надворешни односи, ќе биде префрлен на лекување во Скопје.

И министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека со посебен транспорт од Африка ќе биде пренесено воено лице на АРМ, заразено со коронавирус во таа земја.

Можете да прочитате

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Досега регистрирани 138 шумски пожари, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Ангелов: Повеќе од 60 луѓе го гасат пожарот кај с. Белица во М. Брод, куќите нема да бидат загрозени