Утрински Весник
Македонија

Дополнителниот заменик министер Петровска во посета на СВР-Охрид и ПС во Кичево

Дополнителниот заменик министер Петровска во посета на СВР-Охрид и ПС во Кичево
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кичево,14 февруари 2020 (МИА) – Состојбата на подрачјето во надлежност на Секторот за внатрешни работи Охрид од аспект на безбедноста и на справување и откривање на разните видови криминалитет е стабилна и бележи нагорен тренд во расветлувањето на кривичните дела, истакна денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска на работната средба со раководството на оделението за внатрешни работи во ПС Кичево.

Петровска беше информирана и за активностите што СВР Охрид ги презема во контекст на претстојниот избирачки процес, а во насока на обезбедување на мирни, демократски и фер парламентарни избори. Таа нагласи, дека од императивно значење е полицијата целосно да ги испочитува своите обврски и надлежности во поглед на изборните норми, а се со цел да им се овозможи на сите граѓани слободно, непосредно да ја изразат својата граѓанска должност.

Во рамки на работната посета на овој сектор Петровска ги посети и Полициските одделенија во Зајас и Осломеј, како и Езерската полиција во Охрид. рз/бк/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ ја поднесе иницијативата до Уставен суд, бара укинување на резолуцијата на ДПМНЕ и ЗНАМ

Перински: Штип во фокусот на ИПА инвестиции за зелена инфраструктура и одржлив туризам

Кривична пријава за изборен поткуп за екс градоначалникот на Крушево