Утрински Весник
Спорт

Дончиќ ја продлабичи кризата на Лејкерси – Далас Маверис победија во ЛА

Дончиќ ја продлабичи кризата на Лејкерси – Далас Маверис победија во ЛА
Dik 300x250 mk

Далас Маверикс и Лука Дончиќ ја продолжија агонијата на Лос Анџелес Лејкерс. Далас забележаа победа во „Крипто арена“, во Лос Анџелес 109:104. Лејкерси го забележаа шестиот пораз на последните седум натпревари.

Неверојатен натпревар одиграа Лејкерси и Далас. „Езерџиите“ имаа минус од 21 поен во првото полувреме, успеаја да се вратата во натпреварот во третата четвртина, го презедоа водството, на крајот Дончиќ не им дозволи да победата.

Словенецот блескаше со 25 поени, осум скока и пет асистенции и неколку атрактивни потези, од кои се издвојува забивањето преку Двајт Хауард.

Покрај Дончиќ кај далас се истакна и Џејлен Брансон со 22 поени.

Ветераните Леброн Џејмс со 26 и Кармело Ентони со 20 поени ги предводеа Лејкерси.

Лејкерси се деветти на Западот со 27 победи и 34 порази. До крајот на регуларниот дел, Џејмс и екипата, ќе се борат за десеттото место и пласман во плеј-ин со Њу Орлеанс, Портланд и Сан Антонио.

Далас со скор од 37 победи и 25 порази се на петтото место.



> Дончиќ ја продлабичи кризата на Лејкерси – Далас Маверис победија во ЛА <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја