Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да каже дали стоковите резерви се полни

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да каже дали стоковите резерви се полни

Владата да каже дали стоковите резерви се полни, ако да, зошто не интервенира со пуштање во промет за да се запазат цените?!

Според информациите од светските берзи цената на пченицата во последните неколку дена е порасната за 24%, и цените се очекува да растат, а од домашната мелничка индустрија велат дека имаат залихи на брашно и пченица за 30 до 45 дена. Единствен начин да се спречи ценовен шок од големи размери, да се запазат цените и стандардот на граѓаните е државата да интервенира на пазарот преку пуштање во употреба стоковите резерви на пченица со што од мелничката индустрија нема да имаат потреба да купуваат скапа пченица од надвор, се вели во соопштенито од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку стоковите резерви се полни, тие ги задоволуваат потребите и за над 120 дена од просечната годишна потрошувачка.

Доколку стоковите резерви се полни власта треба веднаш да интервенира, а доколку не се, да одговори зошто до сега не биле наполнети, и што чекаа додека сите земји купуваа залихи?

Доколку стоковите резерви не се полни, владата треба да сноси одговорност што ја оставила државата во овие тешки моменти без потребните и неопходни ресурси, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Трипуновски: Поддршка од 25,5 милиони денари за Научниот институт за тутун – Прилеп за современи оранжерии за расад на тутун

Николоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот 

Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем – Левица предлага интервентни мерки за стабилизација