Утрински Весник
Спорт

Дончиќ доби 207 милиони, па призна дека не размислил на што ќе ги потроши парите

Дончиќ доби 207 милиони, па призна дека не размислил на што ќе ги потроши парите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Откако во Словенија пристигна газдата на Далас маверикс, Марк Кјубан со Џејсон Кид и Дирк Новицки, денеска на прес-конференција во Љубљана се потврди новиот петгодишен договор за Лука Дончиќ, вреден фантастични 207 милиони долари.

Кјубан на прес-конференцијата се обрати на словенечки јазик, по што објасни дека е пресреќен од договореното.

„Храна и вино, вино, вино… Преубаво. Кога го драфтувавме Лука знаевме дека е добар играч, но никогаш не замислувавме дека е толку добар. Феноменално е што можеме да ја продолжиме соработка со него, со играч кој може да има кариера како Дирк Новицки. Горд сум на него“, изјави Кјубан.

Дончиќ признава дека е изненаден од сумата и од договорот.

„Уште не знам што да кажам. Не можев да замислам вакво нешто. Сакав да ја продолжам соработката со Далас, немаше двоумење. Благодарност до моите родители кои ме пратија во Шпанија кога бев многу млад. Беше тешко, но успеав. Да, се работи за голема сума, но уште не сум размислувал да си купам нешто вредно. Прво ќе размислам“, изјави Дончиќ.

> Дончиќ доби 207 милиони, па призна дека не размислил на што ќе ги потроши парите <

Можете да прочитате

И покрај поразот во Ларнака, Шкендија продолжува во Европа

Лазаров го објави списокот за Европското првенство

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА