Утрински Весник
Македонија

Донесена Уредбата за ваучери за поддршка на домашниот туризам

Нови авионски линии до Скопје и Охрид од Анкара, Измир и Истанбул

Скопје, 30 мај 2020 (МИА) – Владата денеска ја донесе Уредбата со законска сила за издавање ваучери на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба, како дел од третиот пакет економски мерки за поддршка на граѓаните за ублажување на последиците од корона кризата и за поддршка на потрошувачката на домашни производи и услуги.

Ваучерот за туризам, со номинална вредност од 6.000 денари издаден од Министерството за економија ќе го добијат вработени лица со низок доход заради плаќање искористена туристичка и угостителска услуга на сместување или услуга на сместување и исхрана во категоризирани угостителски објекти за сместување, преку даватели на туристички услуги, регистрирани вршители на туристичка дејност. мч/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Награди за најдобри женска и машка епизодна улога за Кочовска и Михајловски на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Шасивари – Крихбаум: Европската иднина се гради со реформи и силни партнерства