Утрински Весник
Македонија

Донација од мед и прополис за кумановските здравствени работници

Донација од мед и прополис за кумановските здравствени работници

Куманово, 7 април 2020 (МИА) – Пчеларите од здружението „Пчела“ од Куманово собраа мед и прополис и го донираа на здравствените работници од Куманово, по повод 7 април Меѓународниот ден на здравјето.

– Во акцијата собрани се 120 килограми мед и триесетина прополиси. На овој начин сакаме да им се одолжиме на здравствените работници, првите борци со коронавирусот, изјави претседателот на здружението Горан Митевски.

За донацијата е конатктирано со Oпштинскиот кризен штаб и со кумановската болница. Собраните количини мед и прополис веќе се доставени до здравствените установи. ам/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се излеа Пчиња во кумановско, две лица спасени од пожарникари

Кривична против екс-градоначалникот Мерко за оштетувањето на спомен куќата на Владо Малески

Родителите по рочиштето: Оштетените дојдоа со познати адвокати и свои математики, стравуваме дека повторно ќе бидеме изманипулирани (ВИДЕО)