Утрински Весник
Македонија

ДОМ: Ја напуштаме Владата ако се прифати францускиот предлог

На денешниот состанок на Извршниот одбор на ДОМ во проширен состав, се разгледуваше за француски предлог објавен во медиумите. Раководството на ДОМ едногласно донесе став дека овој предлог е неприфатлив и Владата треба да го отфрли.

Оттаму порачуваат дека отворените прашања со Бугарија треба билатерално да се решаваат во добра волја, взаемна почит и согласно европските вредности.

„ ДОМ останува на ставот дека за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара. Сметаме дека овој предлог ќе го претвори пристапниот процес за членство на Македонија во ЕУ во бескрајна агонија и го доведува во неизвесност и самото започнување на преговорите.

Доколку Владата го прифати овој т.н. француски предлог, ДОМ ќе ја напушти Владата и парламентарното мнозинство“ најавија од партијата.

Можете да прочитате

Филипче: Европска Македонија или криминална изолација со Мицкоски – изборот е јасен

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од опозициска клупа нуди уставни измени, ни недела од новата влада, а веќе коленичи пред Радев

СДСМ: По ЗНАМ се распаѓа и ВМРО-ОКГ