Утрински Весник
Македонија

Докторите ѝ се поклонија на девојката чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи

Докторите ѝ се поклонија на девојката чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи
Img 5587

На Клиниката за кардиохирургија ноќеска беше извршена втората трансплантација на срце во Македонија. Станува збор за 27-годишно момче кое доби срце од почината млада девојка.

Министерот за здравство, Венко Филипче, објави фотографија, која ја нарече историска, а на која докторите ѝ се поклонуваат на девојката чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи.

Img 5587

Историска фотографија, докторите и се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи….

Posted by Венко Филипче on Saturday, April 17, 2021

 

„Историска фотографија, докторите ѝ се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи. Нејзиниот млад живот трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот. Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејство. Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство. Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост“, напиша Филипче.

Претходно, тој ја објави веста дека трансплантацијата завршила успешно.

Ss1

Можете да прочитате

Овие пет хороскопски знаци се најголемите нарци

ВИДЕО: Се запали казино во Охрид

Агим Красниќи и уште тројца други македонски државјни уапсени во Косово