Утрински Весник
Спорт

Дождлив хаос во Спа – по четири часа чекање и „вртење“ зад безбедносно возило, возачите добија пола поени

Дождлив хаос во Спа – по четири часа чекање и „вртење“ зад безбедносно возило, возачите добија пола поени

По речиси четири часа, Белгиското ГП на легендарната патека Спа-Франкоршамп беше комплетирано без вистинско тркање, а возачите ќе се задоволат со половина поени според распоредот на стартување, по неуспешните обиди да се тркаат на силниот дожд во белгиските шуми.

Илјадниците фанови на трибините на легендарната патека чекаа да ги видат своите миленици во акција, но силниот дожд едноставно не дозволи старт. Откако трката започна стандардно во 15.00 часот зад безбедносно возило, по два круга беше покажано црвено знаме бидејќи немаше услови за трка.

По ова следуваше долго чекање, а ФИА реши наместо традиционалната граница од 3 часа за трка, да се обиде да има трка од еден час, по која би се поделиле половина поени. Меѓутоа, и по овој обид да се стартува трката во 18.17 часот, беше одлучено дека нема да има трка. Сепак, бидејќи беа поминати барем два круга, ќе има пласман на трката, со половина поени за возачите.

> Дождлив хаос во Спа – по четири часа чекање и „вртење“ зад безбедносно возило, возачите добија пола поени <

Можете да прочитате

Форбс ја објави листата на најбогатите фудбалски ѕвезди – Роналдо убедливо на врвот

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка