Утрински Весник
Свет

Додик: Дејтонскиот мировен договор речиси и да не постои

Додик: Дејтонскиот мировен договор речиси и да не постои

По вечерашната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Милорад Додик, член на Претседателството на Босна и Херцеговина, рече дека Дејтонскиот мировен договор речиси и да не постои.

Тој нагласи дека договорот е „уништен со интервенција на меѓународната заедница“.

„Мора да се постигне нов договор. И распаѓањето е некое решение, но јас се залагам за сѐ за тоа да не се случи“, рече Додик.

Договорот за мир во Босна и Херцеговина или Дејтонски мировен договор е постигнат во Воената база Рајт-Патерсон во близина на Дејтон, Охајо, САД, на 1 ноември 1995 година и официјално потпишан во Париз, на 14 декември 1995 година. Овој договор стави крај на крвавата Босанска војна, една од Југословенските војни.

Завојуваните страни се согласија на мир и за една суверена држава позната како Босна и Херцеговина составена од два дела, Република Српска и Федерација на Босна и Херцеговина.

Можете да прочитате

Пет млади лица се удавиле во Британија за време на топлотниот бран

Полицијата изврши упад во седиштето на Социјалистичката партија во Мадрид

Израел уби командант на Хамас во Газа кој беше назначен пред неколку дена