Њујорк, 26 март 2020 (/) – Годинешното свечено доделување на „Тони“ театарските награди вчера е одложено на неодредено време. Ова е последниот во низата културни настани – жртви на корона-пандемијата.
Доделувањето требаше да се одржи во Њујорк на 7 јуни, со пренос во живо на Си Би Ес.
Театрите на Бродвеј беа затворени пред две седмици поради пандемијата. Њујорк потоа беше прогласен за жариште на епидемијата во САД.
„Здравјето и безбедноста на броадвејската заедница, уметниците и обожавателите нам ни се најважни”, се истакнува во известувањето на организаторите.
Така, свеченоста е „одложена за подоцнежен датум“, како што стои во соопштението. Наградите „Тони“ за драма, мјузикл, режисери и глумци се сметаат за највисоко признание во американската театарска сцена.
Меѓу откажаните културни настани поради коронавирусот, се и Филмскиот фестивал во Кан, како и музичките фестивали во Гластонборо и во Велика Британији и Коачела во Калифорнија. си/ссм/