Утрински Весник
Македонија

Седум армиски припадници утре се враќаат од мисијата во Авганистан

Седум армиски припадници утре се враќаат од мисијата во Авганистан
300x250 (7)

Скопје, 26 март 2020 (МИА) –  Седум припадници на Армијата на Република Северна Македонија кои се дел од НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан утре ќе се вратат во нашата земја.

Нивното враќање ќе се реализира со специјален лет на хрватската компанија „Croatia Airlines“ организиран од Владата на Република Хрватска со цел враќање на нивните 11 припадници во меѓународната мисија во Авганистан.

Ss1

Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија се очекува утре во вечерните часови да пристигнат и потоа да бидат транспортирани до нашата земја. По нивното пристигнување согласно препораките од Владата и од Министерството за здравство ќе бидат упатени во двонеделен карантин кој е задолжителен за сите граѓани кои се враќаат од странство, соопшти Министерството за одбрана.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се заблагодари на министерот за одбрана на Република Хрватска Дамир Крстичевиќ за заедничкиот настап и помошта при враќањето на нашите војници. Двајцата министри заклучија дека грижата и здравјето за припадниците на армиските сили е приоритетна во овие моменти.

Дел од нашата постоечка ротација во НАТО мисијата во Авганистан порано ќе се врати во Република Северна Македонија поради генералното намалување на силите на Алијансата, вклучително и на турскиот контингент во кој учествуваме, во овој период. ац/

фото МИА архива

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

(Фото) Чудни предизборни кореографии, ЗНАМ и Максим ги развеаја вергините