Утрински Весник
Магазин

Ди Каприо ја продаде вилата во Малибу

Ди Каприо ја продаде вилата во Малибу

Леонардо ди Каприо ја продаде својата вила на плажа во Малибу за 10,3 милиони долари.

Оскаровецот го продаде имотот свртен кон океанот за 300.000 долари над првично објавената цена, пишува „ТМЗ“, и додава дека тој го купи за 1,6 милиони долари во 1998 година.

Двокатниот објект има три спални соби и две бањи. Имотот, исто така, може да се пофали со платформа која гледа на водата, како и луксузна кујна и приватна патека за автомобили.

Ди Каприо (47) всушност поседува два дополнителни имоти во богатиот град. Неговото имотно портфолио се шпекулира дека вреди повеќе од 250 милиони долари.

Холивудската икона има куќи во Палм Спрингс, Њујорк и на приватен остров во близина на брегот на Белизе.

Но, и покрај славата и успехот што го стекна со текот на годините, Ди Каприо претходно призна дека не ужива во сè што доаѓа со славата. Тој во повеќе наврати истакна дека сака да работи во филмскиот бизнис, иако не копнее за слава.

Сепак, Ди Каприо – кој е една од најдобро платените ѕвезди во филмската индустрија – знае дека интересот и шпекулациите што го опкружуваат се само дел од неговата работа.

 

Можете да прочитате

Еве кои хороскопски знаци ќе добијат пари оваа година

Утрински Весник

Само едно седиште во авионите е посебно, има и зошто тоа е така

Трет Toп Ган: Том Круз повторно ќе го глуми Маверик