Утрински Весник
Македонија

Димитров – Рот: Со пријател како Германија на чело на Унијата, заедничкиот успех е на дофат

Димитров – Рот: Со пријател како Германија на чело на Унијата, заедничкиот успех е на дофат

На денешната средба меѓу вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и германскиот министер за Европа, Михаел Рот беа детално разгледани следните чекори во однос на постигнувањето на заедничкиот успех – Северна Македонија да ги отпочне пристапните преговори за време на германското претседателство со ЕУ.

Германската страна информираше за динамиката на усвојувањето на Преговарачката рамка во која што треба да бидат пренесени елементите кои ги воведува новата методологија.

Вицепремиерот Димитров од своја страна информираше за плановите за реорганизација на преговарачката структура и постојниот механизам за координација на евроинтеграцијата, за да може ефикасно да се одговори на предизвиците од новата методологија.

„ 2020 година и покрај сите предизвици ќе биде запаметена и како годината во која Северна Македонија, нејзините сојузници и партнери имаат причина за славење. За успешно заокружување на годината, по одлуката во март, потребна е уште една значајна одлука која што ќе го отвори патот кон конечно остварување и на втората стратешка цел – полноправно членство во Европската Унија. Со пријател како Германија на чело на Унијата, заедничкиот успех е на дофат“ изјави Димитров.

Соговорниците ја потенцираа важноста и на Берлинскиот процес во контекст на регионалната соработка, како платформа што може да придонесе за насочување на сите регионални иницијативи и за продлабочена економска соработка и поврзување на регионот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јанев: Со мојот тим создаваме услови секој полицаец да се чувствува почитуван и мотивиран

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “Support Коcani“

ЛАДЕН БРАН СРЕДЕ МАЈ: Доаѓаат обилни дождови, ветер и снег!