Утрински Весник
Македонија

Димитров: Изјавата на Захариева е скандалозна невистина, ова не е ниту пријателски, ниту европски

Димитров: Изјавата на Захариева е скандалозна невистина, ова не е ниту пријателски, ниту европски
300x250 (7)

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, се спротивстави на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, по нејзините тврдења дека македонската надворешна политика била под 50 отсто усогласена со онаа на ЕУ.

„Ова е скандалозна невистина. Нашиот степен на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, според последниот извештај на Европската комисија (октомври 2020) за 2019 изнесува 92%“, напиша Димитров на Фејсбук.

Ss1

Димитров понатаму во објавата го наведува делот на извештајот на Европската комисија за надворешната политика на Македонија во кој пишува: „за заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП), земјата се усогласи – кога е поканета – со 84 од вкупно 91 изјави на Високиот претставник во име на одлуките на ЕУ и Советот, што претставува стапка на усогласување од 92% во 2019 година“.

„Очигледно е потребна поголема внимателност, особено кога се работи за лесно достапни податоци. Вака впечатокот е разочарувачки – дека идејата била паушално да се оцрни соседот, што не би било ниту пријателски, ниту европски“, додава Димитров.

Захариева претходно рече дека некои од земјите кандидати за членство во ЕУ од регионот се многу малку усогласени со заедничката надворешна политика на ЕУ. Северна Македонија е една од овие земји, со исклучително низок процент, под 50 отсто на усогласеност со заедничката надворешна политика на ЕУ, рече Захариева.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Муцунски: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски, победи во општини 60 наспрема 2 – волјата на народот за промена на власта е јасна

Таткото на Вања оди во куќен притвор

Сообраќајка кај Градско-четири лица се повредени меѓу кој и двегодишно дете