Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Димитров: ЕУ мора да го признае напредокот на Северна Македонија

Димитров: ЕУ мора да го признае напредокот на Северна Македонија
300x250 opst2

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА) – Ако сака да биде позитивна сила, да поттикнува политика на компромис, да стимулира прореформски влади, ЕУ мора да го признае напредокот на Северна Македонија. Има една формула за успех: потребна ни е добра методологија, чесен пристап кон имплементирање на истата и политичка волја од двете страни. Влогот е огромен, порача министерот Никола Димитров на тркалезната маса „Координирање, соработка, консолидирање? Придвижување на З. Балкан напред“, во рамките на 56-та Минхенска безбедносна конференција.

На маргините на конференцијата министерот Димитров и денеска оствари повеќе билатерални средби и тоа со Жан Аселборн, МНР на Луксембург, Дејвид Харис, Извршен директор на Американско-еврејскиот комитет, Ричард Мур, Генерален директор за политички прашања во британскиот Форин Офис.

Главниот акцент на разговорите, како што соопшти МНР, беше ставен повторно на најактуелното прашање за ЕУ-перспективата на нашата земја, во пресрет на клучните моменти за добивање позитивна одлука за отпочнување пристапни преговори.

Министерот Димитров учествуваше и на работната вечера организирана од претседателот на Светскиот економски форум Борге Бренде и извршниот директор на Google Jigsaw Џеред Коен, на која почесен гостин беше американскиот државен секретар Мајк Помпео. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села