Утрински Весник
Македонија

ДИК: Граѓаните да извршат увид во Избирачкиот список до 11 март

ДИК: Граѓаните да извршат увид во Избирачкиот список до 11 март

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Јавниот повик за проверка на податоците од Избирачкиот список е отворен и граѓаните ќе може да вршат увид до 11 март, информираат од Државната изборна комисија.

Барањата за упис или измени на Избирачкиот список граѓаните може да ги поднесат електронски или писмено до канцелариите на ДИК и во некоја од подрачните канцеларии.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски, ги повика сите граѓани да проверат дали се на Избирачкиот список и тоа да го направат до 11 март.

ДИК на денешната јавна седница, го усвои и правилникот за собирање потписи за поднесување кандидатски листи за учество во изборната трка.

Собирањето на потребните потписи се врши од денеска до 6 март во канцелариите на ДИК или на овластен нотар. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник

СДСМ: Македонија е со највисока стапка на западнонилска треска во Европа

Уапсен возач од Полска на ГП „Табановце“ – возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч